Вахиди: Нема да има револуција во Иран што ќе произлезе од протестите од изминатите три недели

Од:

Нема да има револуција произлезена од протестите од изминатите три недели, тврди иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди.

– Нашите непријатели веруваат дека ќе постигнат политичко соборување со поддржување на протестите, но, тоа е глупаво бидејќи тие не знаат ништо за земјата, изјави Вахиди според дел од медиумските извештаи, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Вахиди смета дека Иранците знаат оти сожалувањата на САД и Западот за Иран се лажни и се за нивни сопствени политички интереси. Меѓу другото, како што оцени министерот, тие гледаат да ја искористат смртта на една млада жена за нивната антиисламска агенда и да ги направат младите атеисти.

– Нашата задача и таа на свештенството е да ги едуцираме овие млади луѓе кои добиваат лажна слика за Западот преку социјалните медиуми, додаде министерот.

Протестите во Иран продолжија и синоќа. Во Техеран имаше помалку собири, но активистите изнаоѓаат нови начини за да протестираат. На пример, многумина споделуваат политичка порака низ градот преку напишани слогани и повици за акција, наведува германската новинска агенција.

Извикуваното „жена, живот, слобода“ на протестите, сега се гледа на ѕидови низ градот, како и натписи „смрт за диктаторот“. Пораките се покриваат од страна на градската администрација, но, тие набргу повторно се враќаат на ѕидовите.

Протестите започнаа по смртта на 22-годишната Махса Амини, приведена од полицијата за морал затоа што, наводно, не го носела хиџабот правилно.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он