Групата Вагнер соопшти дека го пронашла телото на еден од двајцата британски доброволци кои беа прогласени за исчезнати на линијата на фронтот во источна Украина. Британската канцеларија за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) не го потврди извештајот, но додаде дека им дава поддршка на семејствата.
Во својата објава на Телеграм, Вагнер не го спомна името на починатиот, но рече дека кај него се пронајдени документи кои им припаѓаат на двајцата Британци и приложи фотографија од пасош со имињата на двајцата исчезнати Британци, Ендрју Багшо и Кристофер Пари, пишува The Guardian.
„Телото на еден од нив е пронајдено денеска. Кај него се откриени документите на двајцата Британци“, се вели во соопштението на Вагнер. Не беше наведено каде е пронајдено телото.