ВАФА: Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа 25 лица

Од:

Најмалку 25 лица загинаа во денешните израелски воздушни напади врз Појасот Газа, јавува палестинската агенција ВАФА.

Покрај тоа, десетици луѓе се повредени во нападите во областа Сидра, во централниот дел на Газа, наведува агенцијата, додавајќи дека има и повредени цивили во израелскиот воздушен напад врз училиштето во кампот Нусејрат, каде раселените беа сместени.

Според здравствените власти на Хамас, околу 90 отсто од цивилите во Газа се насилно раселени на југ поради израелските бомбардирања.

Хамас наведува дека од 7 октомври минатата година во војната во Газа биле убиени 33.545 луѓе, главно жени и деца, а повредени се повеќе од 76.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа