В среда истекува мандатот на шефот на опозицијата за состав на влада во Израел

Од:

Мандатот на шефот на израелската опозиција Јаир Лапид за составување коалициска влада истекува в среда, но неговиот успех во голема мера зависи од крајно десничарскиот политичар Нафтали Бенет кој има шест клучни места во Парламентот.

Бенет (49) се очекува наскоро да објави дали ќе се здружи со Лапид, кој е на чело на партијата на центарот – Атид. Израелските медиуми генерално предвидуваат дека Бенет ќе се согласи на партнерство.

Соочен со можна зделка, премиерот во заминување Бенјамин Нетанјаху денеска ненадејно даде контрапонуда што би значело прекин на неговите 12 последователни години на функцијата.

Во предлогот што го потпиша со лидерите на неговите коалициски партии, тој понуди да биде втор во „тројната ротација“ на десничарска влада.

Според предлогот, шефот на десничарската партија Нов Хоризонт, Гидеон Сар, би бил премиер на 15 месеци, потоа за Нетанјаху – две години, а потоа и Бенет на неопределен „остаток од мандатот“. Сар веднаш ја одбил понудата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток