Утврдена е причината за падот на боингот на Ер Индија

Од:

Прелиминарен извештај за падот на Ер Индија во кој загинаа 260 луѓе минатиот месец покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција вклучено“ на позиција исклучено“ речиси истовремено, лишувајќи ги моторите од гориво.

Боингот 787 Дримлајнер веднаш почна да губи висина, според извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.

На видеото од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, според извештајот.

Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.

На местото на несреќата, двата прекинувачи за гориво биле пронајдени во позиција вклучено“, а во извештајот се наведува дека постојат индикации дека е направен обид за рестартирање на двата мотори кратко пред ударот.

И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа на 787.

Прелиминарниот извештај, исто така, не објаснува како прекинувачите можеле да бидат префрлени во позиција исклучено“ на летот од 12 јуни од индискиот град Ахмедабад до Лондон.

Американскиот експерт за безбедност во воздухопловството, Ентони Брикхаус, го истакна како клучно прашање зошто прекинувачите биле поместени на начин што не е во согласност со вообичаената постапка.

Префрлувањето на прекинувачот во положба исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш. Ова дејство најчесто се користи за исклучување на моторот откако авионот ќе пристигне на излезната порта на аеродромот или во одредени итни ситуации, како што е пожар на моторот.

Во извештајот не се наведува дека имало некаков вонреден настан што би барал исклучување на моторот.

Во авионот имало 242 лица, 230 патници и 12 членови на екипажот. Само едно лице преживеало, 40-годишниот патник Вишваш Кумар Рамеш.

Би можело да ве интересира

Нова дојава за бомба во авион на Air India

А1он

Паника во авион на „Ер Индија“: Закана за поставена бомба, патниците итно евакуирани

Индиските власти започнаа истрага за несреќата на „Ер Индија“

Горан Наумовски

Постојат 354 активни модели како Боингот што се урна во Индија

А1он

ВИДЕО: Се запали Боинг во Денвер, патниците бегаа преку крилото

Катерина Ѓуровски

Авион на Ер Индија се врати во Чикаго по 10 часа лет – 300 патници делеа еден тоалет

А1он