Усвоени реформите на пензискиот систем во Аргентина, протести и штрајк на критичарите

Од:

Денеска по 12-часовна дебата Конгресот на Аргинтина со 128 гласа „За“, наспроти 116 гласа „Против“ ја одобри реформата во пензискиот систем, поради која се организираа протести и генерален штрајк.

Со новиот закон се менува формулата со која се пресметуваат исплатите на пензија. Овој закон е дел од серијата мерки на Владата на претседателот Маурицио Макри за да се намали високиот дефицит и да се привлечат инвестиции.

Според критичарите на новиот закон, со него ќе дојде до намалување на пензиите.

На протестите пред Парламентот против новиот закон околу 150 демонстранти беа повредени, а 60 уапсени по судирите меѓу полицијата и демонстрантите. Некои од нив фрлаа камења и молотови коктели, а полицијата одговорија со солзавец и гумени куршуми.

Дваесет и четири часовен штрајк објави и најголемиот синдикат во Аргентина. што доведе до откажување или одложување на стотици летови.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ