Успешно трансплантирани две раце

Од:

Две раце му се пресадени на 52-годишниот Габриел Гренадос во мексиканската болница. Тој своите ги загубил во струен удар.
Опрериан е во месец мај и по 20 дена е пуштен од болница.

„Потребно е уште многу трпение за целата терапија да заврши и медицинска поддршка која досега беше многу добра. Лекарите многу внимаваат на мене“, рече тој.

Среќата на Мексиканецот се должи и на ретка случајност која лекарите ја пронашле со донаторот. Големината на рацете, обликот и крвна група на донаторот и пациентот биле исти.

Д-р Мартин Иглесијас, шеф на оперативниот тим во оваа прилика изјави дека предизвик за нив е пациентот да може да ги користи своите раце како свои.

„Постигнавме добри резултати, речиси 95 проценти операцијата е успешно реализирана. Сега се бориме Габриел да добие 100 проценти добри и функционални раце“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба