Успешно слета ракетата „Сојуз“ на Меѓународната вселенска станица

Од:

 Руската ракета „Сојуз“ со тричлен екипаж успешно слета денеска на Меѓународната вселенска станица.

Тричлениот екипаж во состав на пензионираниот потполковник на руските воздухопловни сили, астронаут Максим Сурајев, астронаутот на НАСА и пилот на американската морнарица Рид Вајсман и германскиот астронаут и геофизичар Александар Герст полета од космодромот Бајконур во Казахстан.

Контролата на мисијата во Москва му честиташе на тричлениот екипаж за успешното слетување по шестчасовен лет.

Тројцата астронаути се придружуваат на двајца Руси и Американец, кои од март се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица.

Вселенските агенции на САД и Русија продолжуваат да соработуваат наспроти тензиите меѓу двете земји поради украинската криза.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио