Усогласен буџетот на Еврозоната

Од:

Министрите за финансии на земјите членки на Еврозоната рано изутринава го усогласија Буџетот на Европската монетарна унија, соопшти францускиот министер за финансии Бруно ле Мер по завршувањето на 12-часовниот министерски состанок.

– Оваа ноќ го остваривме она што си го поставивме како цел: создавање на вистински буџет на Еврозоната. Првпат имаме оперативен буџет, кој ќе помогне за зближување на земјите од Еврозоната и за нивна поголема конкурентност. Тоа е напредок, нагласи Ле Мер.

Според него, со вака усогласениот буџет членките на Еврозоната „првпат ќе почнат да мислат за иднината со заеднички активности и ќе ги координираат своите економски политики“.

Новиот пристап во буџетот на Еврозоната беше инициран од Франција, која се залага за посилна економска интеграција на блокот, но на ваквите реформи во голема мерка се противеше Холандија, која стравува од последиците од евентуална нова криза во финансиски понестабилните членки на Унијата, како Грција, Италија или Шпанија.

Со усогласениот компромис, буџетот на Еврозоната, по барање на Холандија, не се нарекува со ова име, туку е именуван како „Буџетски инструмент за конкурентност и конвергенција“.

Извори од француската делегација на состанокот соопштија дека министрите ги усогласиле сите компоненти на буџетскиот инструмент, но не и неговиот обем, што е оставено за подоцна.

Усогласениот предлог на буџетот на Еврозоната треба да биде одобрен од страна на шефовите на држави или влади на ЕУ, на самитот предвиден за следната недела во Брисел.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп