Уште шестмина екологисти од „Гринпис“ добија по два месеца затвор

Од:

Судот во рускиот град Мурманск денеска осуди уште шест активисти на еколошката организација „Гринпис“ на казна од два месеца затвор, а уште двајца активисти очекуваат пресуди, заради тоа што протестираа во близина на нафтена платформа на Арктикот.

Судот во Мурманск во четвртокот донесе одлука за изрекување затворски казни за 22 членови на тимот на „Гринпис“, кој минатата недела протестираше во близина на нафтена платформа. Меѓу нив се руски фотограф и Американец капетан на бродот.

Уште осум активисти се приведени на три дена додека се чека нов претрес.

Активистите се државјани на  18 земји, вклучувајќи ја и Русија.

„Гринпис“ порача дека ќе се жали и дека бара активистите веднаш да бидат ослободени, пренесуваат американските медиуми.

Руска крајбрежна стража на 18 септември ги спречи активистите во обидот да ја заземат нафтената платформа, а руските власти следниот ден го запленија бродот на „Гринпис“ и заедно со екипажот фо одвлече во Мурманск.

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте