Пет лица денеска се убиени во напади во Ирак, каде секој ден гинат мноштво луѓе и покрај напорите на Владата, која презеде голема операција против вооружените групи, пренесоа француските медиуми.
Војник, полицаец и цивил беа убиени во бомбашки напади во провинцијата Салах ад Дин, северно од Багдад.
Во меѓувреме во северната провинција Ниневија беа застрелани две лица: цивил и поранешен војник, соопштија полициски и медицински извори.
Атентатите вчера зедоа 24 жртви во земјата. Шеснаесет лица загинаа во експлозија во кафеана во Балад, северно од Багдад
Од почетокот на годината во напади во Ирак загинале 3.409 лица – просечно по 15 на ден, покажуваат пребројувањата на агенциите.