Уште една жртва на новиот короно вирус во Велика Британија

Од:

Еден 49-годишен маж, заразен со новиот вид на короновирус, чие жариште е во блискоисточните земји, почина на 28 јуни во лондонската болница Сент Томас, соопштија вчера британските здравствени власти.

Пациентот уште во септмеври минатата година бил префрлен во оваа болница од Катар, а лекуван е поради откажувањето на бубрезите и акутен респираторен синдром.

Досега во светот се забележани 41 смртен случај на овој вирус, додека според официјалните податоци, 77 лица се заразени. Новиот короно вирус е сличен на вирусот кој предизвикува САРС, па дури и на вирус на обична настинка. Симптомите на зараза се кашлица и тешкотии со дишењето, а кај повеќето заболени се развива и воспаление на белите дробови.

Случаи на заразени со короно вирус досега се пријавени во Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Франција, Германија, Италија, Тунис и Велика Британија.

Според Светската здравствена организација вирусот може да се пренесе од човек на човек при близок контакт.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот