Уште една Египќанка почина синоќа од птичји грип откако претходно била во контакт со заразена живина, што е втор смртен случај од таа болест во изминатите два дена, објавија египетски медиуми.
Станува збор за жена на возраст од 30 години од провинцијата Минаја, јужно од Каиро, соопшти Министерството за здравство. Починала во болница во градот Асијут.
Египетските власти вчера соопштија дека во таа држава од птичји грип починала 19-годишна девојка која одгледувала дома пилиња и која била во болница од 10 ноември. Таа исто така поччинала во градот Асијут каде и живеела.
Првата овогодишна жртва од Х5Н1 во Египет беше регистрирана во јуни, а од 2006 година од таа болест досега животот го загубија вкупно 65 луѓе.