Уште еден напад на ајкула: Жена нуркаше, а потоа се спаси од пеколот, морето за секунда стана црвено

Од:

Во близина на островите Галапагос, Делија Иријарте (40) е тешко повредена кога ја нападна ајкула. Жена нуркала кога ајкула ја каснала за десната нога.

По каснувањето, морето околу неа веднаш поцрвенело, а Делија за малку ќе изгубила свест поради губење на прекумерна количина крв и шок. Веднаш била пренесена во медицинска установа, а лекарот од болницата на островот Санта Круз рекол дека е стабилна и свесна. Несреќната жена била подложена на тешка операција, а лекарите успеале да и ја спасат ногата.

“Почувствував дека нешто силно ме удри и на почетокот не бев свесна што се случува. Се обидов да продолжам да пливам, а потоа видов дека се е црвено од мојата крв”, изјавила Делија.

Според неа, таа сама допливала до брегот.

“Едвај стигнав. Веднаш разбрав дека се работи за ајкула кога ја видов длабочината на каснувањето и повредите кои ми беа нанесени”, изјави жртвата.

Таа изјавила дека се се случило многу брзо и дека не успеала ни да ја види ајкулата која ја нападнала.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ајкула нападна и уби тинејџерка, и немаше спас

А1он

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

Голема ајкула тешка 200 килограми е уловена во Будва

Горан Наумовски

Една од најопасните ајкули во светот е уловена во близина на Неум

Жена е тешко повредена во напад на ајкула во Сиднеј

(ВИДЕО) Ајкула напаѓа чамец: Осум пати се залетува кон пловилото и удира во моторот