Мохамед Реза Ареф (61) кој беше потрпретседател за време на вториот мандат на Мохамед Хатами (1997-2005) се повлече од трката за претседател во Иран.
Афер никогаш не бил активен на политички план во времето на Хатами. За време на предизборната кампања за гласањето на 14 јуни, Ареф тврдеше дека сака да ја скроти инфлацијата и да востанови добри односи со меѓународната заедница ако биде избран за претседател.
На својот сајт Ареф напиша дека се повлекува по повик на Хатами, лидер на иранското реформистичко движење според кого неговото учество во гласањето не е во интерес на движењето.
Во последно време лидери и активисти од редовите на реформистите бараа Ареф да се повлече во полза на умерениот кандидат Хасан Рохани, поранешен ирански преговарач за нуклеарната програма.