Ушаков: Лавров и Рубио наскоро ќе разговараат, Трамп и Путин подготвуваат самит во Унгарија

Од:

Подготовките за нов самит Русија-САД, кој би можел да се одржи во Будимпешта на иницијатива на САД, ќе започнат со телефонски разговор меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марк Рубио, кој би можел да се одржи во наредните денови, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, по телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според него, почетната фаза од разговорите ќе се однесува на организирање состанок на високо советничко ниво, кој треба да се одржи следната недела, пренесува рускиот Интерфакс.

Тој додаде дека деталите за можна средба меѓу претседателите Путин и Трамп ќе бидат разгледани во наредните денови, а датумот на самитот ќе биде познат „како што ќе напредува работата на претставниците на двете страни“.

Би можело да ве интересира

Анкета на CNN: Трамп се соочува со длабок јавен скептицизам во врска со војната со Иран

Трамп ја разреши главната обвинителка Бонди

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Трамп: Иранскиот режим побара прекин на огнот

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Трамп: Време е Иран да склучи договор „пред да биде предоцна“