Урсула фон дер Лејн ќе учествува на октомврискиот самит на ЕУ

Од:

Претседателот на Европскиот Совет во заминување, Доналд Туск, најави дека ја поканил новоименувана претседателка на Европската Комисија да учествува на самитот на ЕУ на 17 и 18 октомври.

Туск на Твитер вчера, по средбата со фон дер Лејн, напиша дека ја поканил да им се придружи на шефовите на држави и влади на Европската Унија на претстојниот самит за да ги презентира и дискутира нејзините планови за наредните пет години со нив.

Доналд Туск е претседател на Европскиот Совет до 1 ноември кога на негово место ќе дојде сегашниот премиер на Белгија, Шарл Мишел. Урсула фон дер Лејн ќе дојде на местото на Жан Клод Јункер на 1 ноември.

На самитот се очекува дискусиите да бидат фокусирани пред сѐ на истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, кое официјално е планирано за 31 октомври.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он