Урсула фон дер Лајен го одреди составот на идната Европска комисија

Од:

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која во ноември ќе го преземе управувањето со извршната власт во Брисел, го заврши составот на својот тим за следните пет години.

Нејзината предложена листа го вклучува и поранешниот италијански премиер Паоло Џентилони.

Фон дер Лајен, која ќе го замени Жан-Клод Јункер, речиси постигна совршена полова рамноправност во идната Комисија, во која ќе има 14 мажи и 13 жени.

Велика Британија која треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври нема одредено свој кандидат.

Фон дер Лајен утре попладне ќе го претстави списокот со имињата на идните еврокомесари и ќе ги соопшти деталите околу распределбата на одговорностите во новата Европска комисија.

Нејзиниот тим мора прво да биде одобрен од Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он