Уредничка на белоруски медиум обвинета за затајување данок

Од:

Главната уредничка на независниот белоруски медиум TUT.BY, Марина Золотова е обвинета за затајување данок, соопшти медиумот, наведувајќи дека тоа е измислица во рамките на репресивната акција против медиумите.

„На Золотова и се заканува затвор од три до седум години доколку биде прогласена за виновна по сослушувањето зад затворени врати“, соопшти TUT.BY.

Золотова е „обвинета за соучесништво во затајување данок од особено големи размери“, а властите досега не ги коментираа овие обвинувања.

Во TUT.BY беа уапсени 15 вработени во рамки на акцијата против масовните протести против претседателот Александар Лукашенко што избувнаа минатата година по спорните избори.

За време на протестите, TUT.BY беше една од најчитаните веб-страници во Белорусија.

Белоруските власти ја одзедоа акредитацијата на многу новински организации.

Како што пренесуваат странските агенции, новинари наклонети на опозицијата се соочиле со рации, апсења, затвор или биле принудени да се преселат во странство.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад