Ураганот Ирма се приближува кон Бахамите

Од:

Откако урганот Ирма предизвика огромни штети во северниот дел на Кариби, почна да се движи кон Бахамските Острови.

– Поради ураганот, до утре напладне ќе биде затворен меѓународниот аеродром во Насау, како и помалите аеродроми на соседните острови, соопшти денеска Владата на Бахами.

Во Ураганот Ирма на Кариби загинаа најмалку 10 лица, а илјадници луѓе останаа без своите домови.

Националниот центар за урагани на САД, претпоставува дека Ирма утре и задутре ќе остане со интензитет од четири или пет степени.

Се очекува дека ураганот ќе помине северно од Доминиканската Република и Хаити па ќе стигне до Бахами, а потоа во петок во текот на ноќта ќе помине покрај Куба, по што веројатно ќе се движи на север кон Флорида.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот упати апел граѓаните да се подготват за ударот од ураганот Ирма.

– Секое семејство мора да има план. Немојте да седите и да чекате. Подгответе се веднаш. Тоа е ваша одговорност. Морате да ја знаете вашата зона за евакуација, нагласи Скот.

– Понесете го само она што ви е најпотребно, истакна гувернерот.

Во јужниот дел на Флорида се создава огромен сообраќаен метеж поради тековната евакуација.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски