Гувернерот на Флорида Рик Скот изјави денеска дека ураганот Ирма ќе биде проследен со силен пораст на нивото на морето, додека минува низ оваа сојузна американската држава, како и дека ударот на океанската вода ќе предизвика тешки оштетувања во крајбрежните подрачја.
– Мошне сум загрижен за западниот брег, рече Скот, гостувајќи на телевизијата Фокс њуз.
Скот изјави дека е особено загрижен за западниот брег на Флорида, кој гледа кон Мексиканскиот Залив и е сериозно погоден од Ирма
Тој нагласи дека ова „јакнење на бурата е едноставно смртоносно“.
Ураганот Ирма ја погоди денеска Флорида како мошне силна бура од четврта категорија, која е проследена со се посилни ветрови.
Ирма стигна до архипелагот Флорида Кис во најужниот дел на американската држава Флорида со максимална брзина на ветерот од 215 километри на час .
Според Националниот центар за урагани во Мајами, окото на Ирма го достигнала островот Куџо Ки во 9:10 по локално време.
Полицијата на Ки Вест им порача на жителите, кои не се евакуирани да останат во засолништата или во затворен простор додека бурата целосно не помине.
Полицијата исто така им порача на жителите да не излегуваат надвор кога над местото на кое се наоѓаат ќе минува окото на бурата, бидејќи тогаш временските услови можат да дадат лажна слика дека бурата минала.
Во желбата да укаже колку Ирма е опасна, метеорологот Ерик Холтаус објави денеска на Твитер снимка, на која се гледа споредба на Ирма со други помали урагани, кои претходно ја погодиле Флорида и оставиле зад себе голем број жртви и разурнувања.
Најстрашниот ураган во историјатаа на мерењето на Атлантикот е всушност Ирма, но не е првиот кој ја погодил Флорида.
Во август 1992 година Флорида беше погодена од ураганот Ендрју, во кој загинаа 65 лица, оштетени беа над 120 илјади куќи, а целосно беа уништени околу 20 илјади.
Ирма, според фотогрфиите на Холтаус е неколку пату поголема, а тоа според метеорологот значи дека е и неколку пати поопасна.
Повеќе од 170 илјади домови и фирми на Флорида останаа без струја, а центарот на Ирма е на околу 90 милји југоисточно од Ки Вест.
Компанијата „Пауер енд лајт“ на својата веб страница соопшти дека повеќе од половина случаи на прекин на струја биле во подрачјето на округот Мајами Дејд, каде за околу 600 илјади луѓе е наредена евакуација.
Бурата, која прерасна во текот на ноќта во четвртата категорија на урагани, полека се движи кон западниот брег на копното Флорида со брзина од 15 километри на час.
Прогнозите се дека Ирма ќе ја загуби силата ,но ќе остане силен ураган додека минува низ архипелагот на југозападниот полуостров, а потоа и преку западниот брег.
Под ударот на ураганот на Флорида почнува да откажува опремата за мерeње на брзина на ветрот, јави Би-Би-Си, додавајќи дека се бележи брзина на ветар до 145 километрi на час.