Ураганот Ида го зголеми бројот на нафтени дамки во Мексиканскиот залив

Од:

Две недели по стишувањето на моќниот урган Ида, Националнатa администрација за океани и атмосфера (НОАА) објави 55 извештаи за нафтени дамки во Мексиканскиот залив, вклучувајќи истекување на нафта во близина на национален резерват, јави денеска Њујорк тајмс.

Со помош на програмата за сателитско следење, почната пред десет години, НОАА известува за околу 250 до 300 истекувања на нафта годишно во Атлaнтикот, Тихиот Океан и во Мексиканскиот залив. Само годинава, бројот на забележани нафтени дамки во заливот заклучно со 11 септември е 55, што е многу повеќе од нормалното.

Кога ураганот удри на крајбрежјете на Лујизиана, зад себе остави патека од деструкција. Лошото време ги погоди капацитетите за производство и транспорт на нафта, како нафтени платформи и цевководи, сместени во заливот и на крајбрежјето.

Ударот на ураганот врз нафтената индустрија на САД беше значеан, рафинериите се судрија со недостаток од суровини, што предизвика и поскапување на нафтата на светските берзи.

-Ова е преседан и незабалежано во изминатите 10 години, изјави Елен Рамирез, која управува со 24 часовната сателитска служба на НОАА за детекција на морското загадување, вклучувајќи и истекувања на нафта.Таа додаде дека Ида најмногу влијаела на операциите за нафтени дупчења во заливот што се изведуваат офшор (на отворен море, далеку од брегот).

При крајот на август, стихијата најпрвин удри околу Порт Форчон, Лујизина, сервисен центар на офшор платформите во заливот.

Весникот наведува дека истекувањата на нафтата во заливот покажуваат како многу нафтоводи, платформи и активни наоѓалишта во регионот сега се во поголема опасност од екстремното време поврзано со глобалното затоплување.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Најмалку 27 загинати во Мексико по ураганот Отис

(ВИДЕО) Ураганот Идалија ја опустоши Флорида, невреме како што не се памети во последните 100 години

Двајца мажи први жртви на ураганот Идалија

Мексико се подготвува за ураганот Розлин