Употребата на дрогата е на историско ниво во Европа, која се соочува со нови закани, бидејќи е зголемен бројот на нови синтетички наркотици на пазарот, предупреди денес Европскиот центар за следење на дрога и зависност.
И покрај тоа што конзумирањето на кокаин и канабис е во извесен пад, како и бројот на нови зависници на хероин, центарот во годишниот извештај истакна дека 85 милиони возрасни Европејци пробале некој наркотик, во текот на својот живот.
Канабисот останува дрога која што најмногу се користи во Европа. Во извештајот е изразена и загриженост поради фактот дека три милиони Европејци секојдневно конзумираат канабис.
Елена Георгиевска