УНИЦЕФ: Потребна е хуманитарна помош за над 12 милиони сириски деца

Од:

На над 12,3 милиони сириски деца им е потребна хуманитарна помош, предупредија денеска Обединетите нации (ОН), наведувајќи дека ова е најголемиот број на загрозени деца од почетокот на конфликтот во оваа земја во 2011 година, пренесе Бета.

-Милиони деца и натаму живеат во страв и неизвесност во Сирија и соседните земји и потребна им е помош, изјави Адел Ходр, регионален директор на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за Блискиот Исток и Северна Африка.

Според најновите податоци на агенцијата на ОН, „на повеќе од 6,5 милиони деца во Сирија им е потребна помош и речиси 5,8 милиони сириски деца во соседните земји зависат од ваква помош“.

УНИЦЕФ изрази жалење за намаленото меѓународно финансирање, тврдејќи дека добил „помалку од половина од потребните средства оваа година“.

Регионалниот директор на УНИЦЕФ додаде дека „цените на основните прехранбени производи, вклучително и храната, вртоглаво растат, делумно поради кризата во Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија