УНИЦЕФ: Пет милиони деца се родени за време на војната во Сирија

Од:

За време на војната, се родиле речиси пет милиони сириски деца, а уште еден милион во егзил, соопшти денеска УНИЦЕФ.

Децата плаќаат висока цена во овој конфликт, во кој се мешаат многу држави и локални или регионални сили, се вели во соопштението на агенцијата на ОН, одговорна за заштита на правата на детето.

Бројките на УНИЦЕФ се за деца родени меѓу 2014 и 2019 година. Во тој период биле убиени 5.417 деца, што значи дека едно дете го губело животот на секои 10 часа. Покрај тоа, 1.639 се повредени како резултат на војната.

Околу 5.000 деца биле регрутирани да се вклучат во борби, некои дури на 7-годишна возраст, соопшти агенцијата, истакнувајќи дека биле нападнати илјадници медицински или училишни инфраструктури.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад