УНИЦЕФ бара поголема помош за сириските бегалци од Европа

Од:

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНИЦЕФ) ги повика денеска европските земји да ги зајакнат своите активности како одговор на кризата во Сирија.

Во денешниот извештај под името „Сириските бегалци во Европа – што може Европа да направи за обезбедување заштита и солидарност“, УНИЦЕФ бара од eвропските држави да гарантираат пристап на бегалците на своја територија, применувајќи праведни и ефективни процедури за обезбедување заштита и да гарантираат соодветни услови за лицата кои бараат засолниште од конфликтот во Сирија.

Бројот на Сиријците кои бараат заштита во држави надвор од регионот се зголемува.

Од почетокот на конфликтот во 2011 година, околу 123.600 Сиријци побарале засолниште во Европа.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад