УНХЦР: Ризикот од глад е присутен насекаде во Појасот Газа

Од:

Портпаролот на ОН за човекови права, Тамин Ал-Хитан, предупреди дека ризикот од глад е присутен насекаде во Појасот Газа.

Тој на прес-конференција во вторник изјави дека ситуацијата е директен резултат на политиката на израелската влада за блокирање на хуманитарната помош, според соопштението на веб-страницата на ОН.

Ал-Хитан инсистираше дека во последните недели израелските власти дозволиле помош во количини што се „далеку под она што би било потребно за да се спречи широко распространет глад“.

ОН во понеделник соопшти дека во окупираната палестинска енклава се пријавуваат смртни случаи поврзани со глад, вклучително и меѓу децата.

„Додека израелската армија ги интензивираше нападите врз северниот дел од окупираната палестинска енклава, таа продолжи да издава наредби за раселување на Палестинците“, рече Ал-Хитан. Тој додаде дека на жителите на Газа им е наредено да се преселат во областа Ал-Маваси, и покрај континуираните воздушни напади и катастрофалните услови во областа, објави Танјуг.

Според него, стотици илјади Палестинци раселени во Ал-Маваси имаат мал или никаков пристап до основни услуги и залихи, вклучувајќи храна, вода, електрична енергија и шатори.

Би можело да ве интересира

Блер ќе работи на спроведување на мировниот план за Газа без надомест

Нови израелски напади врз Газа: Убиени се членови на Хамас и Исламски џихад

Трамп: Започната е новата фаза од мировниот план за Газа

Горан Наумовски

СЗО: Стотици илјади деца и бремени жени во Газа ќе страдаат од неухранетост

„Проект Зора“: Со 112 милјарди долари, САД ќе ја обновува Газа

Секој ден нови жртви во Газа: 70.669 луѓе се убиени од почетокот на војната