УНХЦР: Над 300 цивили загинале во западен Мосул по 17 февруари

Од:

Најмалку 307 цивили се убиени, а 273 се повредени во западниот дел на Мосул по 17 февруари досега, откако борци на Исламска држава користеле луѓе во станбени згради како жив штит и стрелале во оние кои се обидувале да побегнат, изјави денеска во Женева Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин.

Според него, џихадистите „безмилосно ги користеле цивилите“ за свои цели и „јавно, со предумисла“ ги изложувале на опасност. Хусеин ги повика ирачките безбедносни сили и нивните коалициски партнери „да ја избегнуваат таа стапица“ и да извршат транспарентни истраги за смртоносните инциденти со цивили.

Операцијата за ослободување на Мосул од контрола на џихадистите на ИД започна во октомври минатата година. Во јануари тие беа протерани од источниот дел на градот, а на 19 февруари беше започната офанзива против нив во западните квартови.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак