Унгарскиот Парламент и забрани пристап на снимателката, која стана позната позната по сопнувањето мигранти на границата со Србија, откако за време на интервју навреди пратеник.
Шефот на службата за медиуми на Парламентот Золтан Силаѓи вчера соопшти дека забраната за пристап на Петра Ласло ќе биде во сила до крајот на есенската парламентарна сесија, што завршува кон средина на декември.