Унгарскиот министер за одбрана Чаба Хенде денеска поднесе оставка по состанокот на Советот за национална безбедност, посветен на големиот прилив на бегалци и мигранти кои пристигнуваат во земјата.
Премиерот Виктор Орбан ја прифати оставката на Хенде и на таа функција го предложи Иштван Симичко, исто така член на партијата Фидес.
Во Унгарија досега пристигнале повеќе од 100.000 бегалци, повеќето од Блиски исток.
Официјална Будимпешта минатата недела предложи мерки кои ќе и помогнат да распореди војска на границата, со цел да го спречи бегалскиот бран.