Унгарската полиција ги обвинува и Унгарките за силувањата

Од:

Разни асоцијации и здруженија на жените во Унгарија остро реагираа против домашната полиција, откако во неколкуте кампањи против сексуалното насилство, ги обвини и Унгарките за случаите на силување во разни делови од земјата.

Во една од кампањите младите жени се предупредуваат на „ризикот од флертувањето“ што се оценува како пример за „поделба на вината“ за сексуалните напади, меѓу мажите (во улогата на насилници) и жените (како жртви на насилството).

Претседателот на унгарската лига за заштита на жените, Река Сафрани изјави дека таа е „шокирана од степенот на непрофесионалноста на кампањата, која според неа, ги обвинува жртвите на насилството.

Сафрани смета дека посебно навредлив е пропагандниот филм на полицијата, направен за да се заштитат жените, во кој основната пораката е дека „жената може и самата многу да направи да не дојде до напад и да спречи силување“.

Кусиот филм прикажува помала група млади жени кои пијат и танцуваат со мажи во некој ноќен клуб, а тоа дружење завршува со силување на една од жените.

Унгарките во филмот се прикажани „послободно облечени“ па затоа и бурната реакција на женските друштва и асоцијации, во кои се вели дека „облеката не е тоа што ги предизвикува силувањата и насилствата“.

Женските асоцијации сега бараат од полицијата во Унгарија да ги повлече сите „навредливи и некоректни“ пропагандни материјали, како и целата кампања за заштита на жените, во која тие се прикажуваат и како делумно виновни за тоа што им се случува.

– Сето она што унгарската полиција го прави за жените, како оној филм,е навредливо и некоректно за жените, се вели во заедничката изјава на неколку домашни женски асоцијации и здруженија.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта