Унгарија прогласи вонредна состојба во две свои јужни области долж границата со Србија заради миграциската криза, давајќи им специјални овластувања на полицијата и другите власти, пренесува БТА.
Портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач изјави дека одлуката е донесена на денешната седница на владиниот кабинет.
Мерката, исто така, создава услови да испраќање воени единици како помош на полицијата во граничната контрола и обврските поврзани со имигрантите. Тоа ќе се случи откако Парламентот ќе даде согласност за владината одлука, што се очекува веќе следната недела.
Унгарија од утре почнува да ги применува построгите казни за лицата кои нелегално влегуваат во земјата и го зголемува рокот за престој во затвор за лицата осудени за шверц со луѓе.