Унгарија привремено ја суспендира уредбата на ЕУ за стриктна контрола на границите

Од:

Унгарската Влада привремено ја суспендира уредбата на ЕУ за систематска контрола на патниците на шенгенските граници заради повеќечасовните задржувања на нејзините граници.

– Со оглед на тоа дека новиот систем на проверка на патниците предизвика повеќечасовни чекања на граничните премини, а дека во текот на летото таквиот начин на работа би предизвикал уште подолги задржувања, унгарската Влада смета дека е нужна суспензијата на уредбата, изјави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Карољ Контрат, пренесе Танјуг, повикувајќи се на државната телевизија РТС.

Место систематските, воведени се целни контроли на патниците, што беа применувани пред донесување на уредбата.

Суспензијата на уредбата стапи во сила откако беше објавена во унгарскиот Службен гласник.

Контрат додаде дека наместо „малтретирање на граѓаните на ЕУ“, Брисел треба да се занимава со запирање на илегалните миграции и пронаоѓање на терористите.

– Илегалната миграција ги загрозува најважните постулати на ЕУ, слободата на движење и шенгенскиот систем, рече државниот секретар.

Уредбата на ЕУ за систематски контроли на патниците, која на шенгенските граници се применува од почетокот на април годинава, предвидува на сите граѓани на Унијата детално да им се контролираат документите при секој влез и излез од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп