Унгарија прашува: Зошто сега сите молчите?

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го осуди „молкот“ на светските медиуми и меѓународните институции по одлуката на судот да го дисквалификува Трамп.

Врховниот суд во Колорадо претходно денеска донесе одлука Доналд Трамп да биде дисквалификуван од претседателските избори во таа американска држава.

„Да размислиме за момент што би се случило доколку нешто слично се случи во централноевропска земја предводена од патриотска влада“, напиша Сијарто во објавата на Фејсбук.

Тој праша „колку минути ќе му бидат потребни на Европскиот парламент да прогласи смрт на демократијата“, пренесува МТИ.

„Колку време би требало Стејт департментот да објави соопштение во кое ја осудува пресудата и колку минути ќе бидат потребни за да се прогласи за уништување на владеењето на правото на сите платформи на светската либерална медиумска мрежа?“, праша Сијарто.

Наместо тоа, како што наведе, во случајот со Доналд Трамп „имаме молк“.

Врховниот суд на Колорадо претходно денеска го прогласи поранешниот претседател Доналд Трамп за неподобен за Белата куќа и пресуди дека тој не може да биде на гласачкото ливче на изборите следната година во таа американска држава поради неговата наводна улога во нападот на неговите поддржувачи врз американскиот Конгрес на 6. јануари 2021 година.

Трамп е првиот претседателски кандидат во историјата на САД за кого е утврдено дека не е подобен за претседателската функција, според ретко користената одредба од 14-тиот амандман на американскиот Устав, кој им забранува на функционерите кои учествувале во бунтот да извршуваат јавни функции.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

ВИДЕО: Камала Харис води на анкетите, Трамп ја обвинува за грабеж на 95 милиони долари

Катерина Ѓуровски

Муцунски – Сијарто: Унгарија како Претседавач со ЕУ ќе направи напори за забрзување на процесот на проширување на Унијата

Врховниот суд на САД пресуди дека Трамп има „апсолутен имунитет“ за службени дејствија

Предраг Петровиќ

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

ВИДЕО: Трамп не би бранел од Русија членка на НАТО, ако не платила за Алијансата

Катерина Ѓуровски