Унгарија попушти, ЕУ се согласи за почеток на преговори со Украина и Молдавија

Од:

Амбасадорите на Европската Унија официјално договорија почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, соопшти белгиското претседателство со ЕУ, додавајќи дека преговорите ќе почнат на меѓувладините конференции на 25 јуни.

Белгија, која претседава со ЕУ шест месеци, на социјалната мрежа Х објави дека одлуката треба официјално да биде одобрена од министрите за финансии и економија кои ќе се сретнат следниот петок. Отворањето преговори со Европската Унија би било поттик за моралот на Украина додека руските сили напредуваат во регионот на Доњецк и отвораат нов фронт во североисточниот регион Харков.

Договорот значи дека Унгарија засега се откажа од своето противење на пристапот на Украина за членство во ЕУ. Официјална Будимпешта извести дека се сомнева во оценката на Европската Комисија дека Украина е подготвена.

Комисијата пред една недела соопшти дека двете земји ги исполниле сите критериуми за официјален почеток на пристапните преговори и сите 27 членки на ЕУ мора едногласно да се договорат за почеток на преговорите.

Белгија и Комисијата сакаа да постигнат договор пред Унгарија да го преземе шестмесечното ротирачко претседателство од 1 јули. Киев аплицираше за членство во ЕУ неколку недели откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, а четири месеци подоцна му беше доделен кандидатски статус.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

Покрената дебата за одземање на претседателството на Унгарија со ЕУ

Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

68 проценти од Македонците се за влез во Европската унија