Унгарската Влада планира да воведе задолжителна воена обука во училиштата, но не на сметка на часовите по физичко воспитување, изјави државниот секретар за образование Золтан Маружа во денеска објавеното интервју за весникот „Модар идок“, цитирано од ДПА.
Според него, „патриотската и воена обука“ се однесува на „сегашноста и разбирањето на животот – исто како историјата и географијата“.
Одлуката за воведување на новата дисциплина од училишната програма владата на премиерот Виктор Орбан ја донела на крајот на јули.
Синдикатот на наставници и родители остро реагираа и изразија стравување дека ќе дојде до милитаризација на училиштата.
Загриженоста се засилува и поради плановите на властите да бидат создадени околу 200 стрелишта, на кои младите момчиња и девојки ќе учат да пукаат.
Во некои училишта во Унгарија веќе има воена обука, но како изборен предмет.