Унгарија не им дава храна на барателите на азил за да ги принуди да се вратат

Од:

Унгарските власти почнале да принудуваат кандидати за азил да се откажат од барањата со тоа што ги лишувале од храна, соопшти невладина организација.

Мерката била насочена кон луѓе кои се жалеле за отфрлањето на нивните молби за добивање азил, соопшти унгарскиот Хелсиншки комитет.

– За време на процедурата кандидати биле држени во затворена транзитна зона на границата на Унгарија со Србија и на дел од нив не им била давана храна.На нив не им било дозволено да влезат во Унгарија, но, унгарските власти им дозволувале враќање во Србија во секое време, додава Хелсиншкиот комитет.

– Тоа е нечовечко однесување и апсурдна правна ситуација, дополнува невладината организација.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан зазеде цврст став против бегалците и мигрантите за време на миграциската криза 2015-2016 година. Унгарија е првата држава која запре мигранти да влегуваат на нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта