Унгарија меѓу Русија и Европската унија

Од:

Дојче веле – Берлин

Односите меѓу Унгарија и Европската унија се на мраз.

Унгарија веќе со години е детето кое на ЕУ и создава грижи. Премиерот Виктор Орбан, кој во 2003 дојде на власта со двотретинско мнозинство, ја трансформираше земјата и ја однесе во правец спротивен од основните начела на кои се темели ЕУ.

Од тогаш односите на Унгарија и другите земји во ЕУ се влошени. Исто така, тоа им наштети и на односите со Германија, најважен унгарски стопански, но долги години и политички партнер.

Сепак, германската канцеларка Ангела Меркел на 2 февруари отпатува во куса посета на Будимпешта, прва откако Орбан ја презеде власта. Посетата беше ненадејна со оглед на тоа дека Меркел лани по повод 25 години од падот на Железната завеса, одби да отпатува во Унгарија, без оглед на тоа што од Будимпешта поканите пристигнуваа интензивно.

Меркел остана само пет часа

Во текот на својата куса посета на Будимпешта, Меркел се сретна со Орбан на работен ручек, а освен тоа и со претседателот Јануш Адер, со претставникот на Еврејската заедница, како и со студентите. Според соопштението од германската влада, Меркел и Орбан ќе разговараат за билатералните и европски политички теми, актуелната состојба во Унгарија, како и за состојбата во Украина.

Ни портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач не беше експлицитен. – Германија и Унгарија се важни стратешки партнери. Сегашните промени на геополитичката состојба, состојбата во Украина, но и енергетската политика, како и тесните стопански врски се фактори кои зборуваат доволно сами за себе за посетата на канцеларката на Будимпешта. рече тој.

РТЛ премногу критички кон владата на Орбан

Во разговорот со Орбан, Меркел сигурно не криеше што мисли за внатрешнополитичкиот развој на состојбата во Унгарија. Сепак, кога се работи за тоа, германската канцеларка претходно зазема делумно критички став. Во разговорот сигурно ќе се зборува и за слободата на печатот и за т.н. случај РТЛ.

Владата лани воведе данок на рекламирање кој пред се ја погоди најсилно котираната ТВ станица РТЛ, која од тогаш нагло од аполитичен канал стана жесток критичар на Владата. Владата на Орбан сега разгледува намалување на данокот на рекламите за РТЛ. Моментно преговорите со луксембуршката РТЛ ги води влијателниот човек на администрацијата на Орбан, Јанош Лазар.

Тема на средбата беа и најновите испади на ксенофобија на Орбан. Шефот на унгарската влада по нападот во Париз, изјави дека Европа мора да го спречи доселувањето на луѓе од странски култури. Неговата земја во секој случај треба да остане земја на Унгарците.

Жешка тема – санкциите кон Русија

Набљудувачите сепак веруваат дека до посетата на Ангела Меркел дошло пред се поради војната во Украина и санкциите против Русија. Како членка на ЕУ, Унгарија се согласи со санкциите кон Русија, но неволно и не пропушти да стави до знаење дека всушност е против нив.

Орбан неколку пати изминатите месеци се жалеше дека санкциите се штетни за Унгарија, но и за самата Европска унија, а притоа политички воопшто не делуваат.

– Посетата на Ангела Меркел е тест, оцени поранешниот дипломат и експерт за надворешна политика Атила Ара-Ковач. – Германската канцеларка сака да види колку Орбан отишол далеку и дали може да се држи под контрола.

Притоа тука не се работи само за санкциите на ЕУ, туку генерално за унгарската политика на отворање кон Исток. Бидејќи, за да ја намали зависноста на Унгарија од Европската унија, Орбан веќе подолго време ги интензивира своите врски со Русија, Кина, како и со Азербејџан, Туркменистан и Казахстан.

Дилот на Орбан со Путин

Меѓутоа, Русија во таа игра има клучна улога. Орбан во текот на посетата на Москва пред една година, со Путин договори кредит во вредност од 10 милијарди евра за проширување на капацитетите на атомската централа во Пакс, јужно од Будимпешта.

Во еден говор од минатото лето Орбан ја фалеше Русија како модел на успех и истовремено најави дека Унгарија ќе ја направи неолиберална држава, чии основни вредности ќе бидат нацијата, заедницата и трудот. Неодамна заговараше и дека невладините организации кои работат на унгарско тло, а се финансирани од надвор, мора посебно да се регистрираат – слично како во Русија.

Значи се изгледа како надворешнополитичко движење, посебно ако се има предвид дека на 17 февруари Унгарија треба да ја посети рускиот претседател Владимир Путин. Путин наводно доаѓа да разговара со Орбан за енергетската политика, барем така изјави портпаролот на владата Золтан Ковач. Се уште се далеку од разјаснување на детали на договорот во врска со нуклеарката во Пакс.

Освен тоа, Ковач додаде дека оваа година истекува и договорот со Русија во врска со испораката на гас, така што мора да се преговара за новите услови, а Русија кога се работи за енергетската политика е клучен партнер за Унгарија. За демократијата и човековите права нема да се разговара, рече Ковач, бидејќи тоа е внатрешно прашање на Русија.

Покрај тоа, посетата на Путин на Унгарија не значи дека таа земја своите европски и евроатлански обврски ќе ги доведе во прашање на било кој начин. Меѓутоа, Путин сака да го постигне токму тоа, верува унгарскиот социолог Пал Тамаш, кој е веќе долго еден од најдобрите познавачи на унгарско-руските односи.

– Судејќи според руската државна филозофија, Орбан е како библиски проток на Јон кој го проголтал кит, во овој случај кит е Европската унија од чија утроба треба да дојде знак, вели Танаш. – Бидејќи, во утробата на китот има уште доста мали кои може да ги охрабри примерот на Орбан, а тоа би му се допаднало на Путин.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта