Унгарија ќе гради ограда по границата со Србија за да спречи прилив на мигранти

Од:

Унгарија ќе гради 4-метри висока ограда по границата со Србија за да се обиде да спречи илегално влегување на мигранти, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

– Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува Европската унија, изјави Сијарто на прес конференција.

– Државите од ЕУ бараат решение, но Унгарија не може да си дозволи да чека долго, додаде тој.

Министерот објасни дека станува збор за гранична линија од 175 километри кое ќе биде „затворена“ со ограда висока четири метри. Министерството за внатрешни работи веќе добило инструкции за да се подготви проектот.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти