Унгарската Влада им плаќа на младите Унгарци, кои емигрирале во странство, да се вратат во татковината. Владата предлага да им се плати по 100.000 форинти (320 евра) месечно на лицата кои ќе се вратат во Унгарија.
Со програмата „Млади вратете се дома“ обезбеден е и бесплатен лет до Унгарија. Од крајот на април, кога програмата стапи во сила, во Унгарија се вратиле 800 лица.
Според статистичклите податоци во 2014 година емиграцијата била за 46 проценти повисока во споредба во 2013 година. Минатата година емигрирале шестпати повеќе луѓе отколку во 2009 година. Властите наведуваат дека бројот на лицата кои ја напуштиле Унгарија е многу поголем, бидејќи граѓаните не ги известуваат властите дека ја напуштаат татковината.
Околу 77 проценти од тие што заминале од Унгарија се под 40 години.