Унгарија го усвои Законот познат како „Стоп Сорос“

Од:

Унгарскиот Парламент денеска усвои пакет закони познати како „Стоп Сорос“, со кои се казнува каква било поддршка за илегалната имиграција.

Законот за имиграција, ги содржи и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, со кои се казнуваат лица или организации кои ја „олеснуваат нелегалната имиграција” или помагаат во постапката за добивање азил на мигранти кои доаѓаат од безбедни земји.

Според Законот, секоја финансиска поддршка на илегалната имиграција, стекнување финансиска добивка од неа или преземање такви активности во распон од осум километри од границата, ќе се казни со едногодишна затворска казна.

Според новиот Закон, исто така, надзорот на границата, собирање или дистрибуција на информации, поставување или организирање мрежа за помош исто ќе се смета за организација на имиграцијата.

Парламентот истовремено го усвои и Законот за бегалци, според кој, ќе се отфрлат сите барања за азил на лица кои доаѓаат од безбедни земји.

Како што се наведува, усвоениот пакет закони е во согласност со Женевската конвенција, која подразбира заштита на сите кои доаѓаат од земјите во кои им е загрозена слободата или животот.

За законите гласаа 160 пратеници, а 18 беа против.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта