Унгарија еднострано ги суспендираше прописите на ЕУ за азил

Од:

Унгарија еднострано ги суспендирала приписите на Европската унија за азилот коишто ја обврзуваат а ги прими назад бегалците кои прво влегле на унгарска територија, а потоа отпатувале во други земји, изјави портпаролот на владата во објавеното соопштение.

„Унгарскиот систем за азил е преопотварен, најпреоптоварен е меѓу земјите членки (на Европската унија) погодени од илегалната имиграција“, соопштил владиниот портпарол за медиумите.

„Унгарија ги потроши сите капацитети коишто ѝ се на располагање. Оваа ситуација бара итна акција…, и Унгарија мора да преземе чекори пред носењето на одлука во ЕУ“, се наведува во писмената изјава на тамошната влада.

Европската комисија кусо веднаш потоа побара итно појаснување на овој потег на Унгарија.

Прописите за азил, познати како Даблинска регулатива, првпат се направени во 1990-те години. Во согласност со нив, луѓето коишто бараат азил, тоа треба да го сторат во земјата од ЕУ во којашто прво влегле.

Денешната суспензија значи дека Унгарија одбива да ги прими назад бегалците кои прво пристигнале во Унгарија на територијата на ЕУ, а потоа отпатувале во друга земја. Владата соопшти дека годинава повеќе до 60.000 имигранти илегално влегле во Унгарија.

Суспендирањето на Даблинската регулатива особено ќе ги погоди соседните земји, како Австрија. Портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи изјави дека ваквата постапка на Будимпешта бара „што побрзо наоѓање на решение“.

Австрија го запре процесирањето на барањата за азил во обидот да изврши притисок врз другите земји од ЕУ, да сторат повеќе за да помогнат во згрижување на големиот број бегалци кои пристигнуваат во Европа.

Според податоците на министерството за внатрешни работи во првите пет месеци до годинава во Австрија имало 21.000 барања за азил. За споредба, барања во целата 2013-та имало 17.000, и 28.000 барања за азил во целта 2014 година. Четвртината од овие барања спаѓаат под Даблинската регулатива, односно значи дека во Австрија бегалците пристигнале од некоја друга земја од ЕУ која би требало да се занимава со нивното барање за азил.

Се претпоставува дека овој потег на Унгарија најверојатно ќе ги вложи проблемите на Австрија со бегалците.

Инаку, во понеделникот претставници на овие две земји со Србија договорија од следната седмица заеднички мобилни патроли на српската, унгарската и австриската полиција по должина на македонско-српската граница за да го спречат преминот на имигрантите и бегалците во Србија и натаму кон нив од Македонија, во којашто тие влегуваат од Грција или Бугарија, коишто исто така се земји членки на ЕУ./

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта