Унгарија бара ЕУ да ја заштити границата на Грција со Турција

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, низ чија земја дневно транзитираат илјадници бегалци на пат кон Германија, денеска ја повика ЕУ да испрати сили за да ја заштити границата со Турција во Грција.

– Бидејќи Грција очигледно не може да ја заштити сопствената граница, Европа треба да има право да мобилизира човечки ресурси, граничари, кои ќе бидат распоредени за заштита на внатрешната граница на Грција, изјави Орбан пред новинари во Будимпешта.

Според Орбан, ако Грција не е способна да го направи тоа, тогаш тие треба да се заложат за тоа, во спротивно проблемот се преместува во Унгарија, Австрија и Германија.

Над 175.000 бегалци пристигнаа во Унгарија од почетокот на годината, во најголем дел од Грција, земја која е во Шенген зоната. Бегалците, откако ќе минат низ Грција, тргнуваат низ Македонија и Србија и се обидуваат да влезат во Унгарија со цел да стигнат до Западна Европа.

Унгарија летово започна изградба на 175 километарска безбедносна ограда долж границата со Србија, а планира од 15 септември јужната граница на земјата целосно да ја затвори за бегалци.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта