Умерен земојтрес регистриран во Велингтон

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во главниот град на Нов Зеланд, Велингтон.

Земјотресот бил почувствувам во целиот централен дел на Нов Зеланд, а траел дваесетина секунди.

Епицентарот на земјотресот бил на 34 километри источно од градот Бленхајм, на длабочина од 16 километри.

Нема информации за повредени лица и евентуално причинета материјална штета. Нов Зеланд се наоѓа во така наречениот пацифички огнен прстен, каде е честа сеизмичката активност.

Во силниот земјотрес во Крајстчерч во 2011 година загинаа 185 луѓе, а разурнат беше поголем дел од центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба