Умерен земјотрес регистриран на Гуам

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на брегот на Гуам во Тихи Океан, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил околу 41 километри северозападно од селото Лиго, на длабочина од околу 67 километри.

Се уште нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета на островот на кој живеат 210.000 луѓе.

Исто така не е објавено предупредување за појава на цунами.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба