Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран јужно од Јапонија, соопшти јапонската Национална метеоролошка служба.
Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами.
Епицентарот на земјотресот бил во Источнокинеско Море, во близина на префектурата Кагошина, на 20 километри под морското дно.
Земјотресот бил почувствуван и од жителите на островите Амами.