Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала денес ги погоди Канарските острови во Атлантскиот океан, соопшти шпанскиот Национален географски институт.
Потресот е регистриран околу 16 часот по локално време, со епицентар во Атлантскиот океан, на длабочина од 16 километри, и 12 километри западно од островот Ел Ијер.
Француска агенција наведе дека околу 800 потреси се забележанина на островот со 10.000 жители, од 18 март.
Островот Ел Ијеро со површина од 267 квадратни километри се наоѓа на западниот дел од седумте острови, со вулканско потекло кои го сочинуваат архипелагот Канарски острови, одалечено 104 километри од ртот Хуби во јужно Мароко.
Елена Георгиевска