Улични судири меѓу контрадемонстранти во центарот на Базел

Од:

Две спротивставени групи демонстранти и полицијата се судрија денеска во центарот на Базел.

Левичарски демонстранти се обидоа да спречат собир на ултрадесничарската Швајцарска националистичка партија поради договорот на ОН за миграцијата. Локалната полиција, помогната од полицајци од други кантони, се обиде да ги држи двете групи одвоено.

Според медиумите, стотина лево ориентирани демонстранти ги нападнале полицајците со шишиња и други предмети. Полицијата одговорила со гумени куршуми. Неколку десетици приврзаници на Швајцарската националистичка партија се судриле со неколку стотини контрадемонстранти.

Улиците во центарот на градот биле блокирани, што предизвика голем метеж во сообраќајот.

Швајцарската Влада во четвртокот соопшти дека нема да го потпише договорот на ОН за миграцијата.

Швајцарската националистичка партија е мала партија и нема речиси никакво политичко влијание во земјата.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ