Украинско разузнавање алармира: Русија подготвува голема провокација во наредните денови

Од:

Украинските разузнавачки служби предупреди дека Русија подготвува голема провокација со човечки жртви на или непосредно пред 7 јануари, со цел да ги попречи мировните преговори со посредство на САД.

Во соопштение објавено на Телеграм, украинските разузнавачки служби изјавија дека Кремљ, по таканаречениот „напад врз резиденцијата на Путин“, шири нови, измислени информациски конструкции за да ја подготви руската и меѓународната јавност за понатамошна ескалација.

„Со висок степен на веројатност, очекуваме премин од манипулативна информативна акција кон вооружена провокација од страна на руските тајни служби, што би вклучувало значителни човечки загуби“, се вели во соопштението.

Според украинското разузнавање, провокацијата би можела да се изврши во пресрет или за време на прославата на Божиќ според јулијанскиот календар, кој се слави на 7 јануари. Можни локации за нападот вклучуваат религиозни места или други места со силно симболично значење, или на руска територија или на привремено окупирани територии на Украина.

За да ја обвинат Украина за нападот, руските служби, според Киев, треба да ги користат остатоците од западните дронови за напад. „За да се инсценираат докази за наводната вмешаност на Украина, планирано е да се користат фрагменти од западни борбени беспилотни летала, кои би биле донесени на местото на провокацијата од бојното поле“, соопшти службата за надворешно разузнавање.

На крајот од соопштението, украинските разузнавачи ги повикуваат медиумите со голема претпазливост да пристапат кон материјалите објавени од Кремљ, темелно да ги проверат и да се воздржат од ширење руски дезинформации.

Би можело да ве интересира

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа