Киев продолжува да го гранатира Донбас додека руските војници го почитуваат Божиќниот прекин на огнот, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Руската војска почна да го почитува 36-часовниот прекин на огнот во Украина во петокот во 12 часот, во согласност со претседателскиот декрет.
Претседателот Владимир Путин нареди прекин на огнот во четвртокот по апелот на патријархот на Руската православна црква Кирил кој ги повика „сите страни во конфликтот“ да го положат оружјето.
Украинските сили продолжуваат да ги гранатираат цивилните населби во Донбас, и покрај тоа што руските сили се придржуваат до православниот Божиќен прекин на огнот, соопшти руското Министерство за одбрана.
Паралелно со ова во повеќе украински градови, вклучително и Киев се огласија сирените за воздушен напад.
Украинците на социјалните мрежи објавија дека се слушаат сирените предупредувајчи на воздушен напад, само неколку часа откако Русија повика на 36-часовен прекин на огнот.
Според странските медиуми јавија и дека се слуша артилериски оган и на украинската и на руската страна на фронтот во Бахмут, источна Украина.
Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера нареди 36-часовен прекин на огнот поради Бадник и Божик, што почна денеска на пладне и ќе трае до утре на полноќ.